Posts

Прилепско кралство

Image
Прилепско кралство Прилепското кралство  било средновековна држава во западна Македонија, со седиште во Прилеп. Владетели биле кралевите Волкашин и Крале Марко. Кралството во времето на Волкашин Подемот и растот на угледот и моќта на браќата Волкашин и Углеша се случил набргу по смртта на српскиот цар Стефан Душан. По Душан на чело на српската држава дошол неговиот син цар Урош V. Својата држава, Волкашин ја воспоставил до крајот на 1365 година. Тој се потпрел на Охридската архиепископија, а пеќскиот патријарх го лишил од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија. Волкашин подигнал многу цркви и манастири, меѓу кои посебно репрезентативен е манастирот „Св. Димитрија“ во близина на Скопје. Волкашин владеел до 1371 година кога во битката кај Марица против Османлиите бил убиен заедно со неговиот брат Углеша. Кралството во времето на Крал Марко Воената кампања за освојување на територијата под владение на...

Маркови Кули

Image
Маркови Кули          Маркови Кули  е локалитет кој се наоѓа во централниот дел на  Македонија , во непосредна близина на градот  Прилеп . На  10 април   2006  година, локалитетото е прогласен за Споменик на природата . Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот u(кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години. Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголему...

Прилепско Езеро

Image
Прилепско Езеро         Прилепското Езеро  е лоцирано во месноста Гладно Поле  во непосредна близина на Прилеп . Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 m 3  вода.  Под езерото се наоѓа потопеното село Пештерица.