Прилепско кралство
Прилепско кралство Прилепското кралство било средновековна држава во западна Македонија, со седиште во Прилеп. Владетели биле кралевите Волкашин и Крале Марко. Кралството во времето на Волкашин Подемот и растот на угледот и моќта на браќата Волкашин и Углеша се случил набргу по смртта на српскиот цар Стефан Душан. По Душан на чело на српската држава дошол неговиот син цар Урош V. Својата држава, Волкашин ја воспоставил до крајот на 1365 година. Тој се потпрел на Охридската архиепископија, а пеќскиот патријарх го лишил од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија. Волкашин подигнал многу цркви и манастири, меѓу кои посебно репрезентативен е манастирот „Св. Димитрија“ во близина на Скопје. Волкашин владеел до 1371 година кога во битката кај Марица против Османлиите бил убиен заедно со неговиот брат Углеша. Кралството во времето на Крал Марко Воената кампања за освојување на територијата под владение на...